Фидијас Панајоту, познат кипарски инфлуенсер, беше избран за пратеник на неодамнешните избори за Европскиот парламент, а на своите социјални мрежи редовно известува за настани од Брисел.
Во јавноста се зборува за видеото во кое ја откри својата плата и какви поволности ужива, а до провокацијата дојде кога ги праша своите следбеници дали сметаат дека пратениците во Европскиот парламент се платени премногу или премалку.
Тој рече дека како пратеник во Европскиот парламент заработува месечна плата од 8.000 евра и дополнителни 350 евра за секој ден кога ќе се појави на седниците.
За платите на помошниците има на располагање 30.000 евра месечно, а околу 5.000 евра се на име на канцеларијата што ја има во земјата од која доаѓа, а тоа во неговиот случај е Кипар.
Месечно добива 4.000 евра за промоција на својата работа и 10.000 евра за организирање специјални настани на кои ќе носи луѓе во просториите на Европскиот парламент.
Фидијас истакна дека на располагање има шофер кој ќе го превезува низ Брисел, како и дека се покриени трошоците за авионски билети од бизнис класа на линиите Брисел – Кипар.
Овие суми не се ништо ново, но секако целата работа звучи малку поинаку кога пратеник се фали со тоа.
Судејќи според неговите последни објави, Фидијас ќе заврши добра работа за промовирање на Европскиот парламент на социјалните мрежи.
@fidiasmepFirst Day In The European Parliament
Во едно од видеата тој откри дека првата личност која ја вработил е неговиот најдобар пријател, кој всушност му бил професор во средно училиште.
„Го ангажирав да ме советува како млад, незрел политичар“, рече Фидијас.