Од утре 27 мај целосно престанува важењето на одлуката за забрана и посебен режим на движење, а од четврток 28 мај почнуваат со работа угостителските објекти, но само на терасите, објави техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната прес-конференција.
Од 1 јуни, пак, на работа се враќаат сите што работеа од дома. Ова не важи за хронично болните и родителите на деца до 10 години, до почеток на работа на градинките.
Се укинува и карантинот за вратените македонски граѓани кои се враќаат со „хуманитарните“ летови, со прикажан негативен тест и самоизолација.
Објасни дека овие одлуки на владата се базирани врз основа на исполнети услови и анализи.