Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и постудено, претпладне со локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во понеделник времето ќе биде утрото студено, преку денот претежно сончево и тивко.

Во вторник времето ќе биде утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во среда времето ќе биде утрото студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.