Млади, брзи, убави. Вака накратко можат да се опишат момците, кои во моментов се центар на внимание на земјината топка. Да се направи репрезентација од единаесетмина најпосакувани од 32 национални тимови, воопшто не е лесно. Но, еве како според нашето мислење треба да изгледа „најжешкиот“ тим на Светското фудбалско првенство во Русија.

Кевин Трап (27)

Најубавиот голман на Светското првенство е сигурно германскиот претставник и играч на Париз Сен Жермен, Кевин Трап. Фан факт: тој е момче на ангелот на Викторија сикретс, Изабел Гуларт, а со 1,90 сантиметри и со сините очи, тој исто така влезе и во нашите очи.

 

Серхио Рамос (32)

Океј, никој не е старее толку добро колку Серхио Рамос! Капетан на шпанскиот тим и бранител на Реал Мадрид секоја година изгледа подобро. Тој има еднакво убава девојка и е татко на три момчиња. Овој ветеран на светски шампионати на Истаграм е следен од речиси од 25 милиони навивачи.

Дејан Ловрен (28)

Одбранбениот играч на Ливерпул и на хрватската репрезентација не може да се прескокне. Тој е во среќен брак со неговата сопруга Анита и има две деца.

Ведран Ќорлука (32)

Покрај Ловрен, во хрватската репрезентација има  уште еден убав човек –  Ведран Ќорлука.

Во Русија, тој е добро познато лице, бидејќи во Локомотива од Москва игра од 2012 година, а на трибините го следи неговата подеднакво убава идна сопруга, пејачката Франка Бателиќ.

Жерар Пике (31)

Во шпанскиот тим има уште еден од „што постари тоа подобри” мажи. Неговото срце одамна е заробено од Шакира, која вели не можела да се спротивстави на неговите сини очи.

Иско (26)

Океј ветуваме, тој е последниот Шпанец на нашата листа! Но, што да правиме кога се толку егзотични, шармантни и посебни …

Саид Езатолахи (21)

Најмладото лице на нашата листа е иранскиот фудбалски тим Езатолахи. Ова е негово прво Светско првенство.

Емре Џан (24)

Емре Џан- германски професионален фудбалер со турско потекло и играч на Ливерпул. Тој е роден и израснат во Франкфурт, а неговите родители се Турци.

Џејмс Родригез (26)

Џејмс Родригез Рубио е дел од колумбискиот тим и е играч на германски Баерн. На нашата листа се најде поради неговата магична насмевкаи.

Радамел Фалкао (32)

Уште еден колумбиски претставник, подобро познат како „мамец за жени”. Тој веќе најави дека ова е неговото последно СП.

Кристијано Роналдо (33)

Некои го сакаат други го мразат, но листата не може да се објави без Кристијано Роналдо.