Панче ТОШКОВСКИ

По повод одбележувањето на 150 годишнината од раѓањето на истакнатиот македонски војвода Васил Чакаларов, денес имав чест да присуствувам на свечен настан кој се одржа во Скопје, во организација на Здруженијата на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија. Овој настан беше одлична прилика да се потсетиме на храброста на Чакаларов, кој со своите дела го прослави македонскиот народ.