Заменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ на покана на Заедницата на Србите во Македонија-Битола, денес положи свежо цвеќе на Српските воени гробишта во Битола.
Повод е одбележувањето на 110 години од Кајмакчаланската битка.
Годинава српската заедница во Битола настанот го одбележува под мотото „Сеќавање што трае, благодарни и денес“.
Вечерва во Офицерскиот дом во Битола ќе се одржи Академија „110 години од Кајмакчалан“.




