Општина Чаир продолжува со интервенциите за одржување на јавното зеленило и отстранување на дрвјата кои претставуваат ризик. На улицата „Методија Митевски“, во населбата Топанско Поле, денеска беше реализирана уште една акција, при што беа искроени осум дрвја, додека три суви дрвја беа исечени и отстранети.
Интервенциите се реализираат со цел елиминирање на ризикот и безбедно одржување на просторот околу станбените објекти. На местата каде што пристапот со механизација е ограничен, екипите ја користеа и специјализираната метода tree climbing.
Работите на терен одблиску ги следеше и претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези. Оваа интервенција е дел од пошироката акција што се спроведува на територијата на Чаир за кроење и отстранување на сувите и ризични дрвја, со цел создавање побезбедни и поуредени јавни површини за граѓаните.




