Апелацискиот суд ја одби жалба на бившата специјална јавна обвинителка Катица Јанева, да се брани на слобода.

Со одлуката на судот донесена минатата недела Јанева, и понатаму останува во куќен притвор.

Веста за МИА ја потврди судијата од Апелацискиот суд, Сафет Кадриу.

Следното рочиште за „Рекет”, е закажано за 20 јануари, кога и е предвидено да сведочи обвинителката Лиле Стефанова. Претходно сведочеше обвинителката Елизабета Јосифовска. Јанева се наоѓа во куќен притвор од 19 ноември 2019, а претходно, од 21 август 2019, беше во притвор во затворот во Шуто Оризари.

Во случајот „Рекет“, што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција обвинети се Бојан Јовановски и Катица Јанева, односно Зоран Милевски – Кичеец, кој на првото рочиште ја прифати вината и доби три години казна затвор.