Одбојкарската репрезентација на Македонија, загуби од домаќинот Финска на првиот меч на Европско првенство (25:20, 25:15, 24:26, 25:23).

Идентично како пред две години, финските одбојкари беа подобри во дуелот со Македонија и успешно го отворија турнирот на домашен терен.
За два дена Македонија ќе го одигра вториот натпревар, против репрезентацијата на Холандија.