Штип УГД е победник на Супер купот 2026 во одбојка во машка конкуренција откако во финалето ја совлада екипата на Борец од Велес со 3:0 (25:15, 25:16, 25:15).

Супер купот се играше во Тетово, а со одлука на Одбојкарската федерација од оваа година ќе се игра пред почетокот на сезоната во рамки на Меморијалниот одбојкарски турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“.

-Противниците играа рамноправно се до средината на сите три сета. Борец на моменти имаше и два до три поени предност, но клучна беше подолгата клупа, поголемиот искусен избор во ротацијата и искуството во редовите на штипскиот тим, соопшти Одбојкарска федерација на Македонија.

Александар Лафтов беше избран за МВП играч на натпреварот, кој се одигра во спортската сала на средното економско училиште „8 Септември“. Штип УГД изминатата 2025/2026 беше двоен првак со освоено првенство и Куп, а Борец второпласирани.

Во тек е финалето во женска конкуренција Работнички Скопје и Вардар Скопје.

МИА