Заев призна дека директно е вмешан во истрагата за ужасот во Тетово, затоа мора да си поднесат оставки и да ја ослободат истрагата, се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
– Заев не смета дека Филипче има морална одговорност, тогаш тој прејудицира дека нема ниту кривична одговорност. Венко Филипче има најмалку морална одговорност за траорната несреќа која се случи во Тетово и во која животот го загубија 14 наши сограѓани. Токму затоа оставката е неопходна. Оставките не треба да застанат со Филипче. За да може да се спроведе непристрасна и независна истрага за случајот потребни се оставки и од Артан Груби и од Зоран Заев. Само со оставки на Филипче, Груби и Заев ќе имаме непристрасна истрага, од која ќе се утврди и вина, се вели во реакцијата.
Заев, се додава во соопштението, призна дека директно е вмешан во истрагата за ужасот во Тетово, затоа мора да си поднесат оставки и да ја ослободат истрагата.
– Патот е јасен. Оставки на Филипче, Груби и Заев, па непристрасна истрага, и на крај кривична одговорност. Не може 14 луѓе живи да изгорат, а никој од власта да не е виновен за ништо. Одговорност мора да има. Зошто ако сега се премолчи, слични или полоши ситуации може да ни се случуваат повторно. Да не дозволиме неказнивоста да стане правило. Време е за одговорност, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ: