Владата донесе одлука учебната година да трае до 31 август 2021 година, објави Нетпрес.

Одлуката е објавена во Службен весник на 27 септември.

„Учебната 2020/2021 година во основните училишта започнува на 1 октомври, а завршува на 31 август 2021 година“, пишува во Одлуката на Владата за утврдување на започнувањето и завршувањето на учебната 2020/2021 година во основните училишта во услови на вонредни околности.

Училишната година денеска ја почнуваат 270.000 средношколци и основци, меѓу кои 19.000 се првачиња. Од нив еден дел ќе бидат во клупите, а поголеми дел од учениците ќе учат онлајн од дома.

Учениците до трето одделение, освен оние чии родители не се согласиле, наставата ќе ја следат со физичко присуство.