Советот на јавни обивинители на седницата закажана за в понеделник, меѓудругото ќе одлучува и за иднината на досегашната шефица на Обвинителството за борба против организиран криминал и коурпција, Вилма Русковска, која доби букет цвеќе од нејзиниот наследник Ислам Абази при неговото преземање на функцијата.
Неофицијално, обвинителката најверојатно ќе се врати во скопското обвинителство, каде што шеф е обвинителот Гаврил Бубевски, но нема веднаш да почне со работа, бидејќи се уште има важечка суспензија, додека не заврши истрагата за случајот со Арафат Муареми.
На седницата в понеделник ќе се бира и шеф на Вишото обвинителство во Скопје. На огласот беа пријавени тројца кандидати – актуелниот обвинител Мустафа Хајрулахи и вишите обвинители Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми, но Фетаи вчера, неочекувано ја повлече својата кандидатура.