ОДВЛЕКУВАЊЕ НА ВНИМАНИЕTO: Грција и „северњаците“ во војна против Мизрахи поради таблата што ја наследила од Мила Царовска

/ 10.02.2020

Отворената „војна“ на министерот Никола Димитров и приврзаниците на „Северна“ против министерката Рашела Мизрахи поради одржаната прес-конференција пред табла која останала од поранешната министерка Мила Царовска, освен во Република Македонија се поведе и во Грција.

„Димитров лут за министерката која го прекрши Договорот од Преспа – Реакција од Атина”; „Скопје: Во опасност Договорот од Преспа поради табла Република Македонија”; „Демарш од Атина до Скопје”; „Скопје: Турбуленции во Владата со таблата Република Македонија – реакција од Атина”; „Скопје: Провокативна постапка од министерката за труд”; „Лута реакција од министерот за надворешни работи на С. Македонија за провокацијата од министерката во врска со името”.

Тоа се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми кои ја пренесуваат веста за променетата табла во Министерството за труд и социјална политика, како и изјавата на шефот на македонската дипломатија, јави дописничката на МИА од Атина.

Речиси сите медиуми во Грција, го објавуваат текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА, во кој детално се пренесени ставовите на министерот Димитров од вчерашната прес конференција, како и рекцијата на Атина, која што не беше позната во Грција.

-Откако Договорот од Преспа стапи во сила (во февруари 2019) во сите министерства беа поставени натписи и табли со новото име на земјата „Република Северна Македонија”. Сепак, Мизрахи ја игнорираше оваа обврска на нејзината земја, како што произлегува од Договорот од Преспа и пред неколку дена во министерството со кое што раководи ја врати старата табла, пишува во текстот од АНА-МПА, што го објавува грчката телевизија АНА-МПА „Скај” на официјалниот сајт.

-Демарш до Владата на С. Македонија од Атина, по постапката на техничата министерка за труд Рашела Мизрахи, која во министерството ја врати таблата на која името на соседната земја е заведено како „Северна Македонија”. Освен грчиот чекор, реакција имаше и од министерот за надворешни работи на С. Македонија, кој рече дека станува збор за „Флагрантно кршење на Уставот и законите”, пишува онлајн изданието на весникот „Нафтемборики”.

Целиот случај се најде и во синоќешните централни изданија на вестите на дел од грчките телевизии, а коментар стигна и од поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас кој побара официјална Атина да реагира.

-Владата мора да ја пријави во ОН, Рашела Мизрахи, министерката за труд на С. Македонија, која доаѓа од сестринската партија ВМРО, за грубо кршење на меѓународното право и Договорот од Преспа. Исто така, веднаш да побара од ЕУ забрана за нејзин влез во сите земји членки, напиша Коѕијас на неговиот официјален „Твитер” профил.

Мизрахи: Таблата е наследство од Царовска

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи синоќа изјави дека таблата поставена во Министерството е наследена. Како што појасни, не постои стара и нова, постои само една табла.

-Јас не ја игнорирам реалноста, но нема да дозволам создавање на нова реалност. Демократско право, но и морална обврска на секој граѓанин е кога ќе види неправда и да реагира по истата. Таблата е наследена и не постои стара и нова табла. Постои само една табла во Министерството за труд и социјална политика, рече Мизрахи вчера во Крушево.

Министерката додаде оти треба да и заблагодари на вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, „заради тоа што не ја сменила таблата и со тоа, според Мизрахи, длабоко во себе препознала дека ова е Република Македонија и ова е македонски народ“.

За овој случај во медиумите, како и на социјалните мрежи, со денови се одвива непрекината војна против министерката Мизрахи, се турка законот за ЈО по секоја цена  и се одвлекува вниманието на јавноста од криминалот, рекетот и вистинските проблеми кои ги имаат граѓаните во Република Македонија.


Од истата категорија