Јувентус повторно како што веќе им стана и пракса успеа голема фудбалска ѕвезда да ја донесе за без пари. Од денеска официјално нов член на клубот е Емре Џан.
Тој пристигнува во Јувентус како слободен играч, откако оваа сезона му заврши договорот со Ливерпул.
Инаку во минатите неколку години, Јувентус на истиот тој начин успеа да обезбеди големи фудбалски ѕвезди, како што беше на пример Андреа Пирло.