Хрватската фудбалска репрезентација се пласираше во осминафиналето на Светското првенство во Русијa откако вечерва ја декласираше репрезентацијата на Аргентина со 3:0.

Со блескава фајтерска игра „коцекестите“ вечерва во Нижни Нивгород ја заверија визата за осминафиналето. Играа жестоко во текот на целиот меч, имаа извонредна дуeл игра, и го искористија своите шанси. Впечаток е дека одлично ја поставија играта против тимот предводен од Лео Меси, кој вечерва не беше на своето ниво.

Можеби решавачки за овој резултат се покажа првиот гол на Ребиќ постигнат по катасрофалната грешка на голманот Кабалјеро. Но, потоа Хрватите ја презодоа целосно контролата на играта и дадоа уште два прекрасни гола –тој на Модриќ во 80. минута, а судбината на „гаучосите“ ја запечати Ракитиќ во судиското продолжение. Инаку Ракитиќ погоди пречка од слободен удар.

Ова е прв пат по 20 години хравтската репрезентација да се пласира во вториот круг на светско превенство, а Аргентинците ќе се борат евентуално да го фатат последниот воз.