Сопругата на сирискиот претседател Башер ел Асад, Есма (42), започнала да се лечи од карцином, соопштило сириското Претседателство.

На официјалната ФБ страница на Претседателството објавена е фотографија на сирискиот претседател како седи покрај својата сопруга додека таа прима терапија.

Под фотографијата пишува дека ракот е откриен во рана фаза.

Сириските медиуми пренелче дека првата дама е на лечење во воената болница во Дамаск.

Есма Асад е родена во провинцијата Холмс, студирала во Велика Британија, а откако го запознала Башар ел Асад, се вратила во својата земја.

Есма и Асад се во брак 18 годин и имаат три деца.

Ваквите објави во арапскиот свет се сметаат за невообичаени зашто ракот таму и натаму е табу тема.