Во Македонија денеска се регистрирани нови 89 позитивни случаи на коронавирус.
Од Институтот за јавно здравје, за МИА наведоа дека во изминатото деноноќие починале седум лица инфицирани со Ковид-19.
Министерот за здравство Венко Филипче ќе одржи прес-конференција во 15 часот за најновите информации со ситуацијата со Ковид-19.