Главниот град на Индија, Њу Делхи воведува ограничување за приватни возила од 4. до 15 ноември во рамки на акцијата против загадувањето, соопштија градските власти.

– Системот на непарни денови ќе значи дека приватните автомобили и мотори ќе може да се возат по патиштата само во непарните датуми од месецот, изјави ресорниот министер Арвинд Кејривал.

Њу Делхи е најзагадениот главен град на светот, според повеќе истражувања.

Освен гасовите коишто ги испуштаат возилата и фабриките, голем проблем за престолнината претставува и согорувањето на ѓубрето и остатокот од посевите од околните полиња.