Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска беше домаќин на 3. седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа.
Станува збор за новововедена пракса седниците да се одржуваат низ општините во Македонија, и на тој начин поблиску до граѓаните и понепосредно до локалните предизвици.
Градоначалнкот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека на седницата биле донесени значајни одлуки, а како посебно охрабрувачки го посочува фактот што според завршната сметка, ЗЕЛС е во позитива и бележи поуспешна година од претходната, благодарение на зголемената наплата на членарината.
-Посветено работиме и ќе продолжиме да работиме на унапредување на локалната самоуправа како еден од клучните двигатели на развојот на Македонија. Со силна поддршка од Владата и со заеднички напори, уверен сум дека ќе изградиме стабилни и ефикасни општини, со кои сите ќе се гордееме- напиша Ѓорѓиевски на својот профил.
Според него, односот што Владата го гради кон општините и ЗЕЛС влева нова надеж дека конечно ќе биде направен исчекор напред кон имплементација на посакуваните европски стандарди.
МИА




