Охрид, 17. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Силно невреме го погоди Охрид нешто по 14:30 часот. Предизвика потешкотии во сообраќајот, но и сериозни проблеми за граѓаните кои живеат во пониските делови на градот.
Репортерите на Супер радио и OhridPress регистрираа високо ниво на вода на улиците. Забележително беше дека мрежата не може да ја прими водата и беше забележително дека истата се враќа назад на коловозите.
Во стариот дел на градот, во најниските делови, најголеми проблеми, веќе традиционално имаат угостителските објекти кои се на првата линија.