ОИ ВО ТОКИО: Нашата пливачка Миа го освои првото место во својата квалификациска група

/ 28.07.2021

Македонската олимпијка и пливачка Миа Блажевска Еминова оствари најдобар резултат во втората квалификациона трка во дисциплината 100 метри слободно.

Таа на ОИ во Токио го освои првото место со време од 57 секунди и 19 стотинки.

15-годишната Миа ја постигна Б-олимписката норма пред нешто повеќе од еден месец, на Меѓународниот пливачки митинг во Белград.

Миа не се пласираше во полуфиналето а во конечниотпласман го освои 40-то место.


Од истата категорија