Меѓу 800.000 и 1 милион луѓе се евакуирани заради поплавите во индиската држава Керала.
Тие се сместени во камп со 4.000 шатори изграден од владата. Во поплавите, најголеми во последните 100 години, до сега загинаа 350 луѓе.
Дестици илјади луѓе се уште стојат заглавени по покривите на куќите опколени од сите страни со вода и не можат да одат никаде. Спасувачите со помош на чамци и хеликоптери се обидуваат да ги спасат тие луѓе. Два воза кои носат 1,5 милиони литри вода за пиење се на пат кон југозападот на земјата. Заради поплавите има голем недостиг од вода за пиење.
Хуманитарните лица веќе издадоа предупредување од можна појава на зааразни болести кои се очекуваат откако водата ќе се повлече.
Помошта тешко се доставува и заради оштетувањата на инфраструктурата. Властите објавија дека 10.000 километри патишта се оштетени, а со денови не е отворен ни аердодромот во Кочи.
Во Керала врне без престан од 8 август.