Белгиската полиција извршила рација во лабораторија за производство на синтетичка дрога МДМА (екстази), откриена во воздухопловната база Клајн Брогел.

Во базата, што е лоцирана на североистокот на Белгија, наводно се чува дел од американскиот нуклеарен арсенал за Европа.

Белгиските власти се дискретни во врска со податоците, иако во 2019 година пратеник на Зелените пред парламентот кажа дека американските сили држат 10 до 20 нуклеарни боеви глави во воздухопловната база Клајн-Брогел.

Обвинителството потврди дека локалната полиција на 22 јуни открила лабораторија за производство на дрога на воено земјиште и дека е утврдено дека во лабораторијата се произведува МДМА, синтетичка рекреативна дрога која најчесто се нарекува екстази и дека за време на вчерашната акција биле уапсени двајца осомничени.