Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников во интервју за Си-ен-ен дека Украина влезе во фаза на стабилизација на ситуацијата на бојното поле.

– Ние сме во фаза на стабилизирање на бојното поле преку мало движење на единиците и таму создадовме голем број добри средства за одвраќање, истакна Резинков.

Според него Украина е на прагот на нова етапа од војната и украинските сили почнале контраофанзива во друга насока.

Резинков наведе дека меѓу главните закани по борбата во Украина е синдромот на замор кај меѓународната заедница.

– Ова го нарекувам синдром на замор. За мене ова е една од главните закани. Ни треба акција за оваа закана. Треба да ги прашаме луѓето. Затоа што ова е многу, многу опасно за нас, посочи Резинков.