Кинеските Ши Тингмао и Ванг Хан освоија злато во синхронизирано скокање од отскочна штица со резултат 326,40 поени.
Втори беа Мелиса Цитрини-Болие и Џенифер Абл од Канада (300,78) додека бронзените медали отидоа кај Лена Хентшел и Тина Пунзел од Германија (284,97).
Со овој злтен медал, Кина се врати на првото место во вкупниот пласман на Олимписките игри во Токио. Сега кинеските спортистите имаат четири златни медали, пред Јапнија која има три и САД со две злата.
Уште десет држави имаат освоено златен медал, досега на Олимпијадата во Токио.