Бразил со победа ја почна одбраната на олимписката титула на машкиот одбојкарски турнир што денеска започна во Токио со воведните натпревари во групите А и Б.

Во највозбудливиот натпревар на првиот ден, Иран во Групата А ја совлада Полска со 3:2, домаќинот Јапонија триумфираше со 3:0 над Венецуела, додека Италија беше подобра од Канада со 3:2.

Во групата Б, Бразил го совлада Тунис со 3:0, Русија триумфираше над Аргентина со 3:1, додека САД ја совлада Франција со максимални 3:0 во сетови.

Пласман во четвртфиналето ќе изборат по четири репрезентации од двете групи.