Грчкиот тим на Олимпијакос ја освои шампионската титула во кошаркарската Евролига.

Во финалето на завршниот турнир одржан во Атина, Олимпијакос го совлада Реал Мадрид со 92:85.

Во салата каде настапува лутиот ривал Панатинаикос, навивачите на Олимпијакос, а ги имаше над 15.000 можеа да се радуваат на трофејот.

До него кошаркарите на Олимпијакос дојдоа тешко бидејќи во еден миг губеа и со двоцифрена разлика.

Олимпијакос четврти пат во својата историја ја освојува Евролигата, а прв по пауза од од 13 години. И тогаш Олимпијакос во финалето славеше над Реал. Воедно грчкиот тим му се реваншира на Реал и за поразот пред три години во Каунас кога загуби во полуфиналето.

Шпанскиот „кралски“ клуб и по 21-вото финале останува на 12 трофеи, а последниот го освои во 2018-тата година.

Фурние со 20 поени беше лидер во редовите на победникот, зад него беше Питерс со 16 поени. На другата страна Лајлс имаше 24 поени.