Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до седми август во 2021 година.

Веста ја објавија јапонските медиуми, повикувајќи се на извор од организацискиот комитет.

Најголемиот светски спортски настан беше планиран во периодот од 24 јули до девети август летово, но, првпат во историјата беа одложени ОИ поради пандемијата со новиот коронавирус.