Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш ја прифати поканата за учество на Самитот на БРИКС во Јужноафриканската Република.
Тој има намера да го искористи своето учество за да објави неколку важни пораки, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дижарик.
– Поминуваме низ особено тежок период. Самитот на БРИКС обединува многу важни актери на меѓународната сцена. Улогата на Јужноафриканската Република е од особено значење и генералниот секретар со задоволство ја прифати поканата. Ќе ја искористи за да испрати важни пораки, нагласи Дижарик.