Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ја продолжува соработката со мисијата на Венецуела во ОН и не е овластен да носи одлуки за признавање на претседатели на државите, соопшти неговиот портпарол Стефан Дижарик.
Тој рече дека ОН соработуваат со мисијата на Венецуела на дневна база и така ќе продолжи, јави ТАСС.
– Генералниот секретар не се занимава со признавање на лидери на државите. Остануваме фокусирани на народот на Венецуела, додаде Дижарик.
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро и опозицискиот лидер Хуан Гуаидо се во спор откако Гуаидо се прогласи за привремен претседател во текот на големите протести по повод економската криза во оваа земја.