Официјален претставник на ОН побара од земјите донатори да ја зголемат помошта за Авганистан, каде што сегашната суша и засилените воени конфликти раселија голем број цивили по најавата за повлекување на странските сили, создавајќи се поголема хуманитарна криза.

Рамиз Алакбаров, координатор на ОН за Авганистан, рече дека се собрани нешто помалку од 40 проценти од 1,3 милијарди долари потребни за Авганистан.

Околу 18 милиони Авганистанци, или половина од вкупното население, имаат потреба од помош. Третина од населението во земјата е неухрането, а половина од децата на возраст под пет години се соочуваат со акутна неухранетост.

Досега пристигнати околу 450 милиони долари се далеку пониски бројки отколку што беа потребни.

„Нашиот план е да обезбедиме помош за најмалку 15,7 милиони луѓе, и во моментов тоа нема да биде можно без овие дополнителни придонеси“, рече Алакбаров преку видео конференција со новинарите во Њујорк.

Зборувајќи за безбедноста и заштитата на хуманитарните работници, Алакбаров рече дека 25 од нив се убиени од почетокот на годинава, а 63 се ранети, што е зголемување за 30 проценти во споредба со 2020 година.