Бројот на гладни луѓе во светот се зголемил во изминатите три години, со што е вратено нивото од пред една деценија, се нагласува во извештај на ОН.
Извештајот објавен денеска покажува дека 821 милион луѓе, секој деветти на планетата, се неухранети во 2017 година (815 милиони вo 2016 година).
Речиси 151 милиони деца под пет години – 22 отсто од вкупниот број – имаат раст несоодветен поради лоша исхрана.
Гладта се влошува во Африка и Јужна Америка,се вели извештајот под наслов „Состојба со безбедноста на храна и исхраната во светот”.
Во исто време се вели дека 672 милиони возрасни лица, повеќе од секое осмо лице на планетава, се со прекумерна тежина.
Извештаите наведуваат дека причините се бројни, вклучително и климатските промени како што се суши и поплави, како и војна и насилства.
Годишниот извештај на ОН беше развиен во соработка со УНИЦЕФ, Светската здравствена организација, Светската организација за храна и земјоделство, Меѓународниот фонд за земјоделство и развој и Светската програма за храна.