НАТО денеска предупреди дека Русија се подготвува за голем конфликт, јави ДПА.

– Воените вежби демонстрираат фокусирање на Русија врз маневри за голем конфликт, нагласува во изјава портпаролката на НАТО, Оана Лунџеску.

Таа натаму вели:

– Тие вежби се дел од модел што го надгледуваме извесно време – посамоуверена Русија, која значително зголемува буџет за одбрана и воено присуство…Во изминатите години сме сведоци на воено присуство на Русија вклучително во реоните на Балтичкото и Црното Море како и во Медитеранот, се додава во изјавата.

Русија почна денеска еднонеделни воени вежби, најголеми од Студената војна досега и во маневрите учествуваат над 300.000 војници, вклучително и од Кина и Монголија.