Светот ќе мора да спроведе „брза транзиција без преседан“ ако сака да го ограничи глобалното загревање на 1,5 степени, предупредуваат експерти од ОН за климатски промени.
„Ако загревањетопродлжи да расте со сегашното темпо под влијание на емисијата на гасови со ефект на стаклена градина, 1,5 степени ќе се постигнат меѓу 203 и 2052 година, се вели во извештај објавен во Јужна Кореја.
Промените што треба да спроведат со цел ограничување на загревањето се однесуваат на енергијата, индустријата и инфраструктурата.
Во извештајот одобрен од претставници на влади по состаник со научници, се потенцира и на зголемен ризик доколку границата биде над 1,5 степени.