Во Авганистан 23 милиони луѓе се соочуваат со акутна глад, изјави заменик специјалниот пратеник на Обединети нации за хуманитарни прашања д-р Рамиз Алакбаров.

– Во Авганистан, неверојатни 95 отсто од населението не јаде доволно храна, при што тој процент се зголемува на речиси 100 отсто во домаќинствата водени од жени, истакна Алакбаров, додавајќи дека тоа е сурова реалност.

Во јули, пред талибанците да ја преземат власта во Авганистан 14 милиони луѓе се соочуваа со акутен глад.

Меѓународните фондови за развој се замрзнати, како и резервите од над девет милијарди долари на авганистанската Централна банка, што предизвика финансиска катастрофа во земјата.