Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска ја предупреди либанската шиитска група Хезболах да не го ескалира конфликтот долж границата, наведувајќи дека Израел „може во Бејрут да го направи она што сега го прави во Газа“.

Хезболах го вовлекува Либан во војна што може да се случи, им рече Галант на војниците во видеото што го емитуваа израелските телевизиски канали.

Според него, Хезболах прави грешки и оние кои ќе ја платат цената се пред се граѓаните на Либан.

Она што го правиме во Газа, можеме да го направиме и во Бејрут, истакна Галант.