ОНЛАЈН НАСТАВА: Платформата на Заев и Царовска падна и на денешниот поправен тест

/ 29.09.2020

И денеска падна националната платформа за онлајн-учење уште пред вклучувањето на сите ученици. Пред 10 часот платформата покажува ерор, што значи дека се уште не може да го издржи наглото оптоварување.

Фото: Објава на Фејсбук од Платформата за за онлајн-учење

И вчера се појави истиот проблем. Од Министерството за ообразование и наука (МОН) вчера соопштија дека се прават постојани тестирања кои ќе продолжат и во наредните денови откако падна системот и платформата www.schools.mk.

-Тестирањето е дел од постапката за постигнување на целосна функционалност на платформата, и во тест фазата се детектираат и надминуваат сите предизвици. Со цел да обезбедиме целосно функционална платформа до почетокот на учебната година тестирањата продолжуваат и во наредните денови. Во моментов се прават сите подготовки, тестирања и оптимизации на платформата, информираше вчера МОН кое викендов соопшти дека платформата е достапна за користење од учениците и родителите.

Платформата треба да ја користат околу 250.000 ученици и 25 000 наставници на пет наставни јазици. МОН ја креираше во соработка со ФИНКИ и со помош на комората за ИТ-технологии – МАСИТ.

Како што е познато, неодамна премиерот Зоран Заев и министерката за образование Мила Царовска ја презентираа платформата за учење од далечина.


Од истата категорија