Во мултилатерална морнаричка операција, во која учествувале 26 земји, за 45 дена запленети се 50 тони кокаин, соопшти претседателот на Колумбија Иван Дуке.

Операцијата „Орион В” почнала во април и траела до 15 мај, а во неа се уапсени 150 луѓе и запленети се десетици пловила и четири авиони.

Колумбискиот министер за одбрана Карлос Трухиљо информира дека вредноста на запленетата дрога е 1,7 милијарди долари и дека би можела да се спакува во 126 милиони дози.

Во операцијата биле запленети и седum тони марихуана во вредност од 36,7 милиони долари.