ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива и Левица ги здружија силите и поднесоа над 3 000 амандмани, за да спречат донесување на измените на Деловникот со кои власта сака да воведе он лајн работење на пратениците кои се зафатени од корона вирусот.
Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе се обиде да го спречи донесувањето на измените на Деловникот за работа на пратениците со повеќе од 300 амандамни поднесени до Собранието.
Тие тврдат дека за функционирање на Собранието онлајн нема ниту технички, ниту демократски услови. Координаторот на коалицијата Скендер Реџепи вели дека изјави дека нивната забелешка се однесува на начинот на кој се носи новиот Деловник.
И ВМРО-ДПМНЕ има забелешки на процедурата на донесување на измените на Деловникот.
Сите опозицииони партии заедно поднеле безмалку 3 000 амандмани.