На средбата со професорот Апасиев слушавме неколку македонски народни песни во кои се опеани и некои контроверзни, но значајни ликови од левицата и десницата на Организацијата, објави попладнево директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Како што може да се види и од фотографијата, гостин на Ангелов му е пратеникот од партијата Левица, Димитар Апасиев.

– Се разбира дека малку продискутиравме за нив. Следното кафе во собраниското бифе, додава Ангелов во објавата.

Претходно објави уште еден пост на Фејсбук:

– Во тек е процесот на подготовка на турско кафе за народниот пратеник, професорот Апасиев. Без шеќер со тоа што сигурно ќе преврие додека пишувам. Со кафето ќе слушаме убава, стара македонска музика со интересен а богами и контраверзен текст, објави Ангелов на својот профил на Фејсбук.

Како што е познато Ангелов, како директор на Центарот за управување со кризи, е на чело на Штабот за справување со корона кризата во Македонија.