Очигледно станува жешко во СДСМ и во фотелјата на Венко Филипче, по денешните објави со кои одговорноста за монтажната болница во Тетово се префрла врз општина Тетово и фактички врз Теута Арифи и врз директорот на болницата, Флорин Бесими, со сооштение се огласи и општината на Арифи, во кое „топката“ повторно се префрла во дворот на СДСМ и Филипче:
„Што се однесува до надлежноста на институциите за контролната и оперативната фаза во врска со тетовската модуларна болница ве известуваме за следното:
1.Градењето на самата модуларна болница во Тетово како и на сите други низ државата, се изградени со посебен закон, каде што сите надлежности се насочени на централно ниво, односно министерството за Здравство кое го издава решението.
Во оваа насока ве известуваме дека врз основа на последните измени од Закон за градење ( Службен весник на Република … Македонија бр.279 од 24.11.2020) во член 4 го цитираме членот: во член 74 во ставот (2) по зборовите: “решението го издава органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот“ се додават зборовите “барањето за изведување односно постапување на модуларни градби или група од модуларни градби, наменети за вршење на здравствена дејност се поднесува до Министерство за здравство и решението го издава Министерство за здравство”.
Во ставот (5) по зборовите „органот на државна управа надлежен за вршење на работите на уредување на просторот“ се додаваат зборовите “заклучокот, односно Решението на Министерство за здравство“.
Комуналните инспектори немаат надлежност да вршат контроли врз посебни објекти и градби од прва категорија. Системите за безбедност и за гасење на пожар и контролата на нивната функсионалност се исто така се под надлежност на Министерството за здравство, односно и на други институции од централно ниво.
Дополнително ве известуваме дека модуларната болница е градба од прва категорија и за истата инспекциски надзор врши државен инспекторат врз основа на член 128 став (2) од Закон за градење.
Во однос на инсталациите, водовод и канализација, Ве известуваме дека истите биле во надлежност за градење од страна на изведувачот, а општината извршила само приклучок на истите“, истакнува општина Тетово.