Претседателот Стево Пендаровски се пофали дека остварил средба со бившиот амбасадор во „нашата држава“, Џес Бејли.

– Во Њујорк се сретнав со поранешниот американски амбасадор во нашата држава, Џес Бејли. Разговаравме за актуелните состојби во С. Македонија и за случувањата во поширокиот регион. Му се заблагодарив за континуираната и безрезервна поддршка којашто (знамето на САД)и ја дава на (знамето на Македонија), се вели во објавата на Пендаровски на Фејсбук.

Како што е веќе објавено, Пендаровски е во САД на заседанието на ОН.