Мислам дека прашањето за заемот за репарации е затворено, затоа што нема доволна поддршка меѓу земјите членки на Унијата за таквиот предлог, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан пред почетокот на Самитот на ЕУ во Брисел.

– Целата идеја е глупава. Постојат две земји кои се во војна. Тоа не е Европската Унија, туку Русија и Украина и Европската Унија би сакала да ги одземе парите од една од завојуваните страни, а потоа да и ги даде на друга, рече Орбан.

Тој додаде дека белгискиот премиер Барт де Вебер е целосно во право што се противи на ваквиот план и ЕУ не треба да го прифати тој предлог.

Орбан оцени дека ако и се дадат овие средства на Украина тоа ќе значи војна, а тој не би сакал да ја види Европска Унија во војна.

– Само сакам мир. Затоа мислам дека еднаш треба да направиме некои чекори кон мирот, а не кон војната, додаде Орбан.

Фото: Архива