Унгарскиот премиер Виктор Орбан во обраќањето до нацијата вчера изјави дека Европската унија (ЕУ) е делумно виновна за продолжувањето на руската војна во Украина, пренесе АП.
Во своето годишно обраќање, Орбан рече дека ЕУ го разгорела пламенот на војната со санкционирање на Русија и снабдување на Украина со пари и оружје, наместо да бара да преговара за мир со Москва.
– Кога Русија го започна својот напад, Западот не го изолираше конфликтот, туку го подигна на паневропско ниво, рече Орбан.
Војната во Украина не е конфликт меѓу армиите на доброто и злото, туку меѓу две словенски држави кои се борат еден против друг. Ова е нивна војна не наша.
Унгарија, рече тој , е дел од западниот свет, членка на НАТО и на Европската унија каде, освен нас сите ја поддржуваат војната или барем се однесуваат така.
Во последниве месеци, Орбан остро се спротивстави на неколку рунди санкции на ЕУ против Москва, тврдејќи дека тие им наштетиле на европските економии повеќе отколку на Русија.
Унгарија одби да обезбеди воена помош за Украина или да дозволи таа да биде пренесена преку нејзините граници и запре некои напори на ЕУ да обезбеди пакети финансиска помош за Киев.