Виктор Орбан се обрати пред јавноста откако беа пребројани најголемиот дел од гласовите на денешните избори. Тој го призна поразот на изборите.

Во своето обраќање пред поддржувачите во изборниот штаб на Фидес, Орбан не остави простор за сомнеж околу исходот на изборите.

„Резултатот е јасен. Веќе ѝ честитав на победничката партија“, изјави Орбан, признавајќи дека ваквиот исход е исклучително болен за неговата коалиција Фидес-КДНП.

Лидерот на Тиса, Петер Маѓар, веќе реагираше на резултатите со кратка порака: „Благодарам, Унгарија“.

Тој на социјалните мрежи објави дека премиерот Виктор Орбан телефонски му честитал за победата, што е прв индикатор за признавање на изборниот резултат.