Унгарскиот премиер Виктор Орбан прогласи победа на националните избори во земјата, обезбедувајќи четвр последователен мандат на власт.

– Оваа победа треба да се памети, можеби дури и до крајот на нашите животи, затоа што имавме најголем број на противници кои требаше да ги совладаме, изјави Орбан, пренесува „Гардијан“.

– Левицата дома, меѓународната левица, бирократите во Брисел, парите од империјата на Сорос, меѓународните медиуми, па дури и украинскиот претседател, оцени Орбан.

Се чини дека тој алудира на критиките од Зеленски, кој го искористи неговото вечерно обраќање за да го прекори за поддршка за рускиот претседател Владимир Путин.

– Тој е практично единствениот во Европа кој отворено го поддржува господинот Путин, истакна Зеленски.

– Цела Европа се обидува да ја запре војната, да го врати мирот. Тогаш зошто официјална Будимпешта е опозиција на цела Европа, на сите цивилизирани земји? праша Зеленски.