Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска предупреди на долгорочни последици по изјата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за нападите на силите на Киев врз рускиот нафтовод „Дружба“, преку кој Унгарија се снабдува со енергенси.
„Зеленски отворено ѝ се закани на Унгарија. Тој призна дека го гранатираат нафтоводот „Дружба“ затоа што не го поддржуваме нивното членство во ЕУ. Оттука следува дека Унгарците донеле правилна одлука. Зборовите на Зеленски ќе имаат долгорочни последици“, порача Орбан на својата Фејсбук страница.
За време на прес-конференцијата во неделата, претседателот Зеленски рече дека постоењето на „Дружба“, која испорачува руска нафта во Унгарија и Словачка, зависи од ставот на Унгарија за пристапувањето на Украина во Европската унија.
„Секогаш сме го поддржувале пријателството меѓу Украина и Унгарија. Постоењето на „Дружба“ зависи од ставот на Унгарија“, рече Зеленски.
Од почетокот на август, Будимпешта пријави три напади врз нафтоводот од страна на украинските вооружени сили врз „Дружба“, на 13, 18 и 22 август. Последните два напади доведоа до прекин на испораките на нафта, како резултат на што Унгарија и Словачка останаа без резерви пет дена, пренесоа руските медиуми.