Оризот ја впива влагата и миризбите кои се ствараат во плакарите па затоа е посебно корисен на пролет или есен кога времето е влажно.ж

Може да направите освежувач за воздух или за плакарот.

Потребно ви е : половина шолја ориз, есенцијално масло и сад.

Ставете го оризот во садот и додадете 15 до 20 капки масло со мирис по ваш избор, па добро промешајте додека оризот не го упие маслото.

Оставете го садот во плакарот, а ако се плашите дека ќе се расипе, ставете некоја проѕирна ткаенина на врвот на садот. Ова би требало да трае неколку месеци, но секогаш може да додадете повеќе масло доколку има потреба.

Со ова ќе ги спасите алиштата од влага, мувла и непријатни миризби.