Македонската Радио Телевизија ексклузивно ќе го емитува 95-то доделување на Оскарите в недела, 12-ти март. Академијата за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите остварувања во 2022година. Научно фантастичната авантура  „Се` во исто време“ има 11 номинации, подеветноминации добија антивоената драма „На запад ништо ново“ и црната трагикомедија „Духови на островот“, додека полуавтобиграфската драма „Фабелманови“ освои седум номинации.

На Оскаровската церемонија ќе се појават најзначајните имиња од филмската индустрија, од номинираните до презентерите на наградите. Меѓу нив се Харисон Форд, Никол Кидман, Хали Бери, Џон Траволта, Риз Ахмед, Антонио Бандерас, Салма Хаек Пино, Џесика Честејн, Зои Салдана, Хју Грант, Глен Клоуз, Ева Лонгорија.

Џими Кимел по трет пат ќе биде водител на Оскаровската церемонија.

Доделувањето на најпрестижните филмски награди во светот, кое ќе се одржи во театарот Долби®  во Овејшн Холивуд, ќе го пренесуваат преку 200 земји во светот.

В недела во 21.30на МТВ1 започнува емисијата „Во кадар“ посветена на наградите Оскар, а од 22.25 следи филмот добитник на 8 Оскари „Милионер од гетото“.

Ноќта на Оскарите ќе започне 20 минути по полноќ, со пренос од Црвената патека.

95-та Оскаровска церемонија ќе започне во 2 часот по полноќ.

Скратена снимка од 95-те Оскари®  ќе се емитува во вторник во 21.15 на МТВ 1.